Кој е најдобар Wi-Fi канал?

сеп 09 2010 напишано од во Android

Накратко, најдобар е тој што не го користи никој од комшиите. Доколку живеете во соседство каде што има многу Wi-Fi мрежи веројатноста да имате проблеми со прием на сигнал до уредите и загуба на пакети е голема доколку препуштите сѐ на предефинираните вредности од производителот на рутерот. И за ова има лек, едниот начин е рачно да ги скенирате сите мрежи да видите на кои канали работат, да анализирате и да одберите кој канал би бил соодветен за вашата мрежа (хммм ни јас не би се замарал рачно). Ако пак имате телефон со Андроид веќе пола работа сте завршиле, останува да ја инсталирате “WiFi Analyzer” да си поиграте со опциите кои ги нуди и веднаш ќе знаете на кој канал вашата мрежа нема да има проблем со останатите.

Уште на првото стартување на апликацијата ќе добиете график на кој се претставени сите мрежи со нивната јачина и канал на кој што работата, на x-оската се каналите и на y-оската сигналот. Највисоката крива е веројатно вашата мрежа по претпоставка дека сте најблиску до рутерот. На сликата каналите на сите мрежи се речиси идеално избрани, доколку имаше преклопување на кривите тогаш се можни проблеми, бидејќи можете единствено својот рутер да го конфигурирате одберете канал на кој што во следната анализа ќе имате најмалку преклопувања на кривите. Уште една фина опција кој ја нуди апликацијата е да му посочите кој е вашиот рутер, и таа самата ќе ви каже дали сте во зелена или црвена зона односно дали треба или не да го промените каналот на кој што работи рутерот, но нема да ви го каже точниот канал на кој што треба да ја поставите мрежата туку ќе исцрта ѕвездички на сите канали па сами да се одлучите што би било идеално.

нема коментари