За тие што користат KDE доволно е да знаат дека се работи за апликација слична на Yakuake, а за останатите ова нека биде уште една “Terminal” апликација. Користењето на терминал во денешно време иако е минимално сепак и тоа како e потребно, особено ако добивате совет од поискусен корисник па тој најчесто ќе ви нафрли неколку “магични” команди кои треба да ги извршите. Убавината на Guake е тоа што терминалот ќе го добиете со некоја кратенка од тастатура по ваш избор (стандардна кратенка е F12), на истата кратенка ќе го сокриете без притоа да користите глушец и да кликате, дополнително нема да ви зафаќа простор во лентата со активни апликации.
За да го инсталирате Guake во Терминал внесете:
sudo apt-get install guake
Транспаретноста, фонтот, ширината, типот на интерпретер и уште многу други опции може сами да ги подесите според своите желби и потреби, во прозорецот за опции (десен клик врз терминалот -> Preferences).
Логично би било Guake да се стартува веднаш штом се најавите на системот, бидејќи во самата апликација нема таква опција за тоа ќе мора рачно да го овозможите. Од System->Preferences изберете Startup Applications и штиклирајте го “Guake” записот.


