Android известувања на Ubuntu

сеп 10 2010 напишано од во Android, Ubuntu

Сигурно барем еднаш сте имале потреба од вакво сценарио, настаните од телефонот кој што не се наоѓа до вас да ги добиете како известување на компјутер. Android Notifier е проект кој што започна неодамна и веќе ја извршува голем број од задачите за кој што е предвиден. За да го постигнете ефектот, потребно е да ја инсталирате Android апликацијата и нормално Ubuntu апликацијата. Конфигурацијата на двете апликации е едноставна и интуитивна, има две опции за тоа како да комуницираат апликациите Bluetooth или WiFi. Во текот на тестирањето забележав дека има некои проблеми при Bluetooth комуникацијата, грешките се пријавени и програмерите веќе работат на нивно разрешување.

Еве како изгледа Android Notifier на дело:

Pretty awesome, I know. Познавам барем двајца на кои што апликацијата и тоа како ќе им биде од корист. Ако го немаше ќе требаше да го измислиме.

еден коментар