Алатки за Андроид програмери 2

Во 2012-та Ви напишав блог пост за алатки кои може да ги користите за да ви го олеснат животот (програмерскиот), време е да се надополни листата затоа што многу работи се смениле од тогаш. Дел од алатките во претходниот пост уште се корисни и ги користам и денес, дел сум ги заменил со нови и подобри. Тогаш и сега Ви споделувам само алатки кои лично сум ги користел во реален проект или сум му се посветил да ги тестирам, што значи сите алатки се одобрени од мене 🙂

zuberotapp

Читај повеќе

Како до подобри сервиси за групно купување

Пробав да најдам колку вакви сервиси има кај нас, стигнав до 10 па се откажав, факт е дека ги имаме многу и дека многу се користат. Сето тоа е кул, она што ми се допаѓа генерално кај сите е дека имаат добри понуди, две работи не ми се допаѓаат:

  1. Пристапот на компаниите кон сервисите и начинот на кој ги третираат клиентите кои доаѓаат преку овие сервиси;
  2. Начинот на кој сервисите ја презентираат понудата на крајните клиенти;

Shopping bags

Читај повеќе

Ефективно барање на инженерски кадар

Два екстремни случаи што сигурно сте ги слушнале од било која IT компанија кај нас:

  1. Пуштивме оглас, се пријавија 30 души, двајца интервјуиравме и не најдовме тоа што бараме.
  2. Никој не се пријави на огласот, неколку месеци го имаме објавено.

Од старт да разјасниме, проблемот не е во кадарот туку во начинот на кој пробувате да стигнете до тој кадар. Работам 5 години во IT индустријата и ви гарантирам дека кај нас има висококвалификуван IT кадар кој Вие како компанија не го гледате заради тоа што имате лош пристап кон регрутирање на нов кадар и проширување на тимот. Објавувањето на оглас нема да го реши проблемот, а може да биде проблем ако огласот е нејасен и во него има еден куп технички изрази. Денес ви направив листа на прашања кои мислам дека треба да ги одговорите кога пишувате оглас и барате IT кадар во случајов инженери (кои вие сакате да ги нарекувате програмери).

kadar

Читај повеќе

Споделувањето значи дека се грижиме еден за друг

Она што ме загрижува изминатиов период е дека луѓето се помалку споделуваат знаење и идеи. Споделувањето за мене е начин да покажеме дека се грижиме еден за друг, начин да покажеме дека тоа што го правиме навистина го сакаме и не прави среќни. Не очекувам луѓето кои работат исклучиво за пари да споделуваат некакво знаење со заедницата, едноставно тоа не е во нивниот начин на размислување, тие секогаш бараат одговор на прашањето “Што добивам јас од тоа?” секогаш надевајќи се на некаква финансиска надомест. Добивката е многу повеќе од парична награда ако успееш да го видиш тоа. Денес се одлучив да споделам неколку идеи за тоа како јас сакам да изгледа оваа приказна на споделување. Ако успеам да стимулирам барем еден од тој што ќе го прочита ова да направи барем една од работите што ги споменувам ќе ми биде драго.

sharing

Читај повеќе

[Надополнето] – LetsFundIt може да успее, ако сакаме

Не е платен пост, не планирам да Ве убедувам сакам само да ја споделам мојата визија. Ваше е дали ќе прифатите нешто од моите гледања на нештата. Во саботата беше презентиран LetsFundIt, како и со се друго така и со ова одма се крена прашина околу сервисот, па имаме поделени мислења ќе успее или не и дали воопшто сме спремни за ваков сервис. Одма да разграничиме јас мисалм дека ќе успее и дека сме спремни и зрели за ваков тип на финансирање на проекти.

Во една реченица:

Краудфандинг е процес на собирање на средства од многу единки кои се расположени да вложат мали суми на пари за вашиот проект.

crowdfunding

Читај повеќе