Архива за категоријата: Програмирање

Programming, Програмирање

Убави кориснички профили во Андроид апликација

Корисничките профили ги имаме во скоро сите апликации, а мобилните апликации секако дека не се исклучок. Без разлика дали се работи за користење на постоечки информации за профилот повлечени од Facebook, Twitter, Google+ или друга социјална мрежа или се работи за профил специфичен за апликацијата, информациите најчесто се состојат од име, слика, опис и цел еден дел за детали и акции поврзани за профилот.

Голем дел од мобилните апликации имаат цела секција каде што може да го погледнете и да го менаџирате својот кориснички профил. Денес ќе ви покажам како да го направите овој дел од апликацијата забавен и различен.

Ако некогаш сте користеле iTunes сигурно сте забележале дека боите и стилот се менуваат во зависност од песната што ја слушате, боите кои ги гледате се дел од омотот на албумот од кој што доаѓа песната. Ова за мене е одлично корисничко искуство. Apple во нивен стил го прават ова елегантно и убаво.

Денес, во Android Weekly #81 видов библиотека со која за дадена слика ги добивате основните бои од кои е составена сликата, во примерите за библиотеката повторно е разгледан примерот со омоти за музика. Она што ми падна на памет кога видов што може да направи библиотеката е да го искористам ова за да ги направам корисничките профили различни.

Она што можам да го забележам од социјалните мрежи, корисниците се грижат за своите профилски слики, тие се секогаш тематски и внимателно избрани. Сигурно периодов гледате профилски слики со снег, зимски капчиња, бои на зимата, во лето генерално гледате слики од вода, во пролет зеленило а во есен дожд и есенски лисја, епа ајде да го искористиме трендот и да ги направиме кориснички екрани да ги прилагодат боите според профилските слики.

Еве неколку примери кои можеби ќе ве натераат да го направите ова во своите апликации:

c001

Читај повеќе

.gitignore за Андроид проект

Признавам, Git ми изгледаше непотребно и комплицирано. Зато се тука другарите да ти манат ластик и да те освестат. Почнав малку повеќе да истражувам на темата и веќе ги гледам благодетите од користење на дистрибуиран систем за version control. Ако користите SVN, ќе ви требаат максимум два дена за да се прилагодите на Git. Она што сакам да го споделам со вас е .gitignore датотека која е прилагодена за Android проекти.

android-git

# Build files
*.apk
*.ap_
*.dex
*.class
 
# Generated files
bin/
gen/
 
# Local configuration file (sdk path, etc)
local.properties
 
# Eclipse specific
.classpath
.project
proguard/
 
# Android Studio (IntelliJ IDEA) specific
*.iml
*.ipr
*.iws
.idea/

Ова може да го користите за секое складиште (repository) посебно или да го направите на ниво цел систем. За да ги поставите на системска конфигурација треба да ја извршите следната команда:

git config --global core.excludesfile ~/.gitignore

[Резултати] – Како најчесто го користите вашиот телефон?

Еден од главните предизвици кога се изработува мобилна апликација е да се создаде апликација која е интуитивна и лесна за користење, апликација во која корисникот сам ќе ги пронаоѓа функционалностите без да треба да го учите. Денес екраните се поголеми од тоа што треба да бидат, па често е потребно да се користат две раце или дополнителен хардвер за користење на телефонот и апликацијата. Мене лично не ми се омилени телефоните кои не можам да ги користам со една рака и со палец, од она што го научив од анкетата е дека не сум сам, 205 од вкупно 307 испитаници го користат телефонот со една рака.

Испитаници 307, период декември 2013.rezultati2013

Ова значи дека вашата апликација треба лесно да се користи со една рака и со палец, сите опции треба да бидат брзо достапни, во продолжение погледнете кои се најлесно достапните места на екранот кога телефонот се користи на овој начин. 

Зелена боја – лесно достапен дел
Црвена боја – тешко достапен дел

heatmap1 heatmap3
Ви благодарам на сите што одговоривте на анкетата.

Genymotion 2.0 и Google Apps

Genymotion, одличниот емулатор за Android доби нова надградба на верзија 2.0.0 (2.0.1) меѓутоа додека не се договорат со Google околу Google Apps виртуелките доаѓаат без инсталиран Google Play и други благодети од gapps.

https://plus.google.com/+GenymotionEmulator/posts/jNF8Kwu5p1c

За мене Genymotion има вистинска вредност само доколку ги имам инсталирано gapps, она што е интересно во постот погоре е дека сега има опција “drag & drop” која може да прима и .zip датотека. Епа ако е така тогаш за да инсталирате gapps доволно е да одите на http://wiki.cyanogenmod.org/w/Gapps да си го симнете пакетот и со drag & drop и еден рестарт да добиете gapps на Genymotion 2.0.

geny2-001

Читај повеќе

3 години кариера

Пред 3 години почна мојата професионална Андроид кариера, како денес се сеќавам на првото интервју со @smarkovik  седевме во “Мечос” пиевме кафе и праевме муабет скоро саат и пол. Толку позитивна личност немав сретнато до тогаш, заедно со регрутерот @biljanash  ми оставија неверојатен прв впечаток и знаев дека сакам да работам со нив.

Како денес се сеќавам на прашањето од Танчо:

Танчо: Според тебе колку добро го познаваш Андроид од 1 до 10?

Јас (силен): Осум

Танчо: Се насмеа.

После вториот ден на работа сватив дека тоа што го знам е далеку од 8, море далеку и од 6. Ама најважно ми беше дека добив шанса да работам со одлични инженери, мајстори на занаетот и да учам од нив.

Ги запознав: @smarkovik@Marincek,  @goran_spin@trumpets,  @nikolazivkov@zajkovski

Скоро две и пол години работев во тим со нив (more or less) и она што го научив од нив не го пишува во ниедна книгa, на ниеден блог ниту пак stackoverflow.

Јавно Ви се заблагодарувам на се шо ме научивте во периодот додека работевме заедно.

Сите менаџери и лидови со кои сум работел на почетокот имаа една заедничка особина, никогаш не уживаа во комфорната зона секогаш бараа нешто плус. Па така некако и јас се научив да бидам во “жешкото” покрај нив, имаше периоди кога работевме и по 12 часа на ден, 7 дена во неделата  и не ми е криво шо заглавуваме, научивме многу.

 

Читај повеќе