Архива за категоријата: Андроид

Android, Андроид

Алатки за Андроид програмери 2

Во 2012-та Ви напишав блог пост за алатки кои може да ги користите за да ви го олеснат животот (програмерскиот), време е да се надополни листата затоа што многу работи се смениле од тогаш. Дел од алатките во претходниот пост уште се корисни и ги користам и денес, дел сум ги заменил со нови и подобри. Тогаш и сега Ви споделувам само алатки кои лично сум ги користел во реален проект или сум му се посветил да ги тестирам, што значи сите алатки се одобрени од мене 🙂

zuberotapp

Читај повеќе

Слушам, сакаш да програмираш Андроид

Јас ќе ти помогнам зошто 4 години професионално се занимавам со изработка на Андроид апликации. Во продолжение ќе прочиташ текст кој ако го напишеше некој кога јас почнував да работам Андроид ќе ми заштедеше многу време.

anddev

Читај повеќе

365 Позадини за Андроид

Срамота е ако го читате ова и уште ја немате пробано апликацијата. Јане веќе се произјасни на темата, сега како шо е редот јас да кажам збор два.

Kако и обично се вртеше муабет на групњакот на Скајп и ми се виде згоден моментот да споделам една идеја. Знаев што точно сакам да напрам ама искрено времето не ми дозволуваше да го реализирам тоa сам до крајот на годината. Си ја кажав маката и нормално се разбуди креативноста кај сите и за 10 минути (да за 10) имавме конкретен план, кој шо треба да побара, кој да обезбеди позадински сервис, кој ќе нацрта дизајн, кој ќе седни и ќе истражува на темата и како да ја испорачаме идејата што е можно побрзо до 01.01.2014.

Речено, сторено.

Читај повеќе

Убави кориснички профили во Андроид апликација

Корисничките профили ги имаме во скоро сите апликации, а мобилните апликации секако дека не се исклучок. Без разлика дали се работи за користење на постоечки информации за профилот повлечени од Facebook, Twitter, Google+ или друга социјална мрежа или се работи за профил специфичен за апликацијата, информациите најчесто се состојат од име, слика, опис и цел еден дел за детали и акции поврзани за профилот.

Голем дел од мобилните апликации имаат цела секција каде што може да го погледнете и да го менаџирате својот кориснички профил. Денес ќе ви покажам како да го направите овој дел од апликацијата забавен и различен.

Ако некогаш сте користеле iTunes сигурно сте забележале дека боите и стилот се менуваат во зависност од песната што ја слушате, боите кои ги гледате се дел од омотот на албумот од кој што доаѓа песната. Ова за мене е одлично корисничко искуство. Apple во нивен стил го прават ова елегантно и убаво.

Денес, во Android Weekly #81 видов библиотека со која за дадена слика ги добивате основните бои од кои е составена сликата, во примерите за библиотеката повторно е разгледан примерот со омоти за музика. Она што ми падна на памет кога видов што може да направи библиотеката е да го искористам ова за да ги направам корисничките профили различни.

Она што можам да го забележам од социјалните мрежи, корисниците се грижат за своите профилски слики, тие се секогаш тематски и внимателно избрани. Сигурно периодов гледате профилски слики со снег, зимски капчиња, бои на зимата, во лето генерално гледате слики од вода, во пролет зеленило а во есен дожд и есенски лисја, епа ајде да го искористиме трендот и да ги направиме кориснички екрани да ги прилагодат боите според профилските слики.

Еве неколку примери кои можеби ќе ве натераат да го направите ова во своите апликации:

c001

Читај повеќе

.gitignore за Андроид проект

Признавам, Git ми изгледаше непотребно и комплицирано. Зато се тука другарите да ти манат ластик и да те освестат. Почнав малку повеќе да истражувам на темата и веќе ги гледам благодетите од користење на дистрибуиран систем за version control. Ако користите SVN, ќе ви требаат максимум два дена за да се прилагодите на Git. Она што сакам да го споделам со вас е .gitignore датотека која е прилагодена за Android проекти.

android-git

# Build files
*.apk
*.ap_
*.dex
*.class
 
# Generated files
bin/
gen/
 
# Local configuration file (sdk path, etc)
local.properties
 
# Eclipse specific
.classpath
.project
proguard/
 
# Android Studio (IntelliJ IDEA) specific
*.iml
*.ipr
*.iws
.idea/

Ова може да го користите за секое складиште (repository) посебно или да го направите на ниво цел систем. За да ги поставите на системска конфигурација треба да ја извршите следната команда:

git config --global core.excludesfile ~/.gitignore