архива за: 'Android'

Какви Galaxy Nexus телефони има во Македонија

апр 01 2012 напишано од во Android

Кога зборуваме за различни варијанти на Samsung Galaxy Nexus секогаш се мисли на софтверската разлика помеѓу нив или да бидеме попрецизни тие се разликуваат во делот “кој се грижи за надградбата на системскиот софтвер”. GSM верзијата на Samsung Galaxy Nexus го носи името “yakju” a додека CDMA/LTE си има разлилно име (на пример “mysid” за Verizon Samsung Galaxy Nexus).

Бидејќи ние сме GSM нација, во нашата категорија има уште една поделба, тоа е поделбата по региони. На пример

  • ykjuux  – Канда
  • yakjuxw – Јужна Америка
  • yakjusc итн.

На “Андроид Македонија” страницата на Facebook, корисник од T-Mobile MK се пожали дека неговиот Samsung Galaxy Nexus ја носи ознаката “yakjuxw”.

Што значи дека секоја надградба на софтвер што е објавена од Google нема да ја добие директно туку најпрво ќе треба да биде одобрена од операторот преку кој што е набавен телефонот во случајот тоа не е T-Mobile MK туку некој трет оператор преку кој се набавени телефоните за T-Mobile MK.

Моментално во Македонија, само 2 оператори T-Mobile MK и VipMK го имаат овај телефон во својата понуда. На нивните сајтови никаде не е напишано за кои модели конкретно станува збор.

Доколку имате Samsung Galaxy Nexus од T-Mobile MK или VipMK проверете ја верзијата на софтвер со која што ви е продаден телефонот и споделете во коментар. За полесно користете ја апликацијата GN Official Update Checker https://play.google.com/store/apps/details?id=de.cbruegg.officialupdate која веднаш ќе Ви каже “кој се грижи за надградбата на системскиот софтвер”. 

*За поискусните кои што сакаат да се префрлат на официјалната верзија од Google, читајте http://forum.xda-developers.com/showthread.php?t=1391881 

 

нема коментари

“Home” апликацијата за Android низ верзиите

окт 22 2011 напишано од во Android

Пред точно 3 години на денешен ден (22-ри октомври) беше претставен T-Mobile G1, пред 3 дена беше претставено и последното чедо на Samsung и Google наречено Samsung Galaxy Nexus. Технички гледано, разликите од првиот модел до моментално актуелниот се значителни и нема да се задржуваме на истите во моментов, во продолжение ќе разгледаме како “Home” апликацијата се менувала низ годините.

За тие што не знаат “Home” апликацијата е она парче од оперативниот систем кое што секојдневно го користиме, од тука имаме пристап до сите апликации и кориснички подесувања. За разлика од останатите платформи iOS и WP7 коишто се прилично затворени во овај поглед, кај Android оваа апликација може да ја замените со било која друга апликација од Android Market.

Android 1.5 Cupcake

Android 1.5 Cupcake

продолжи со читање »

нема коментари

iGO навигација за Android

апр 25 2011 напишано од во Android

Сосема солидна замена за Garmin, на моменти дури и попрецизни мапи. Иако интерфејсот е ужасно лош и грд iGO за Android си ја брка работата, нема да ви троши многу батерија и што е најважно мапите лесно се инсталираат и богами ги има скоро за секаде. На торент можат да се најдат неколку верзии за Android (сите пиратски), скоро сите освен оваа што ќе ја споделам денес со вас се за екрани со мала резолуција. Оваа верзија работи одлично на Desire HD, Galaxy S, Desire или било кој друг телефон со слична резолуција. Не сум ја пробал на таблет, ако некој ја проба нека сподели искуства.

Најпрвен симнете го APK-то и инсталирајте го и не ја стартувајте апликацијата сѐ додека не ги ископирате датотеките од архивата на вашата SD картица или внатрешна меморија.

Патеката на датотеките треба да биде:

/SDCARD/iGO внатре треба да имате две папки едната “contents” и “license”

Откако ќе ги симнете мапите, само ископирајте ги во “map” и “poi” соодветните датотеки од торентот. Во архивата се наоѓаат maps&pois за Македонија.

6 коментари

Миграција: Nokia контакти на Android

окт 01 2010 напишано од во Android

Миграцијата започна, татко ми никогаш не користел телефон различен од Nokia, до сношти :) . Со годините тоа значи и многу контакти во именикот. Nokia не нуди сервис за синхронизација на контактите со некој надворешен сервис, како што е случај кај Android.

Процедурата е следна:

1. префрли ги сите контакти на мемориската картичка во Nokia телефонот

  • Отворете Contacts во Nokia
  • Од  Options изберете Mark/Unmark -> Mark All
  • Од Options изберете Copy -> To Memory Card

2. спои ги сите .vcf датототеки во единствена kontakti.vcf

  • сега сите контакти се наоѓаат во MemoryCard/Others/Contacts
  • ископирајте ги сите .vcf датотеки
  • отворете Terminal (GNU/Linux) и извршете ја командата
  • cat *.vcf >> kontakti.vcf

вметни ја kontakti.vcf датотеката во твојата Google сметка

синхронизирај го Android телефонот со Google сметката
Само внесете корисничко име и лозинка, останатото ќе се направи автоматски.

9 коментари

Вовед во Android, 3 одлични видеа

сеп 11 2010 напишано од во Android, Програмирање

Трите видеа можеби се и трите основи работи што треба да ги знаете околу Android платформата пред да започнете да развивате апликации за истата. Видеата се превземени од официјалната страница на Android SDK. Видеата покрај тоа што може да ги следите на англиски, со користење на YouTube опцијата за преведување може да ги следите и на Македонски (преводот е доволно добар за да ја разберите суштината).

Првиот дел се однесува на архитектурата на целиот оперативен систем.

Вториот дел се однесува на животниот циклус на една апликација. Сѐ што треба да знаете за процесите во Андроид.

Во третиот дел ќе погледнете неколку Аpplication Programming Interface (API) кои ги содржи оперативниот систем.

нема коментари

постари записи »