архива за: 'Општо'

Зошто го сакам Dell

мај 02 2012 напишано од во Општо

На 28.07.2008 во Макпетрол ми стигна Dell Inspiron 1525, си го зедов в куќи 4-5 дена после то. Тогаш чинеше 40 800 ден. (без оперативен систем заради то шо носеше ознака N). За то време беше best buy понуда, дополнително ми одговараше муабетот наместо оперативен систем да добијам продолжена гаранција од 3 години и заради “грешна” пратка наместо матиран капак добив Streed Design (кадро 1)

Конфигурацијата е непроменета од денот кога е купен лаптопот, единствено е додаден уште еден мемориски модул од 1GB, сервисиран е 0 (нула) пати и 2 (два) пати се чистени кулерите и заменета термална паста. Конфигурацијата.

Денес, после 3 години, 9 месеци и 4 дена ова е статистиката:

  • во просек лаптопот е користен активно не помалку од 12 (дванаесет) часа дневно (пресметано според smartmoontools)
  • месечна кирија ~900 ден
  • Ubuntu 12.04 работи како муња, Windows 7 стандардно
  • никогаш не откажал, никогаш не ме изнервирал дека е тромав
  • не го продавам, само се фалам

Работи кои ги научив од приказната и ги земам како параметри кога гледам нов лаптоп:

  • Гаранција: минимум 3 години
  • Горна граница во цена: 40 000 ден. (долна најчесто е 30 000)
  • Не фрлај пари на оперативен систем, освен ако немаш потреба или не е гратис
  • Производител: Dell (Inspiron, Latitude) или Lenovo (IdeaPad, ThinkPad)
  • Apple – MAC е скоро 2 пати поскап, а нема 2 пати побрзо да ја завршиш работата – совет од Капетано :)
  • Лаптопот треба да те служи во наредните 3 години (минимум)

Ова го најдов како најинтересно кај нас и според муабетот горе би се квалификувало во категоријата најдобар однос “цена-перформанси”

Ме интересира вашето искуство/мислење на темата. Бујрум во коментари.

6 коментари

Кој, кога и од каде се логирал на вашиот Facebook профил

сеп 19 2010 напишано од во Општо

Да претпоставиме сценарио во кое што вашата Facebook лозинка е  злоупотребена односно некој успеал на некој начин да стигне до неа, често сценарио во денешно време на слаба информираност за тоа како да не бидете актери во едно вакво сценарио. Во ред, лозинката освен вие ја знае и некој друг засега непознат, ајде да пробаме да се запознаеме со непознатиот. Тоа што денес ќе Ви го покажам, од непознатиот ќе побара освен корисничкото име и лозинка да внесе и име на компјутерот од кој што пробува да се најави и да го злоупотреби вашиот Facebook профил.

За да ја овозможите оваа опција од менито Account во вашиот Facebook профил изберете Account Settings и потоа изберете Account Security, тука сѐ што треба да направите е да ја овозможите опцијата Login Notifications и информациите за непознатиот корисник ќе ви бидат испратени на e-mail или SMS во зависност од тоа како Ви е конфигуриран системот за известувања. Толку, веќе сте на чекор пред натрапникот и ќе бидете известени за секое ново најавување на вашиот Facebook профил.

Да видиме како оди тоа на дело, кога корисникот ќе проба да се најави со вашето корисничко име и лозинка ќе треба да внеси и име на компјутерот од кое што се најавува.

Веднаш по ова на вашата e-mail адреса ќе пристигне мејл со информации за тоа кој се најавил на вашиот Facebook профил, треба да реагирате веднаш пред натрапникот да ја промени лозинката. Најавете се на вашиот профил, променета ја лозинката и повторно одете во делот за Account Security, сега тука ќе ги добиете сите компјутери кои пристапиле до вашиот Facebook профил. Информациите се доста корисни и многу лесно може непознатиот да стане познат.

14 коментари

Телекабел – спор интернет до крајот на октомври?

сеп 10 2010 напишано од во Општо

Веќе недела дена сите корисници се жалат дека имаат проблемите околу интернетот со Телкабел (Моби, Роби), денес конечно решив повторно да си ја пробам со техничката поддршка. Откако ја поминавме процедурата име и презиме, адреса, дали светат сијаличките на модемот? оди во Control Panel? Ама немам Windows! W000t? чекај колегата е so Линуксо, дојдовме до моментот ај сега да мериме интернет брзина на SpeedTest, ајде реков.

Јас: Ете мерам овде вика 1,16 Mb/s

Техничка поддршка: Да не е 1,3Mb/s ???!!!

Јас: Ејј да, ете крена на 1,3Mb/s (тролам)

Техничка поддршка: Епа тоа ти е, толку е во моментов.

Јас: А нели 8Mb/s нешто а у?

Техничка подддршка: Во наредниот месец, месец и пол преку ден брзините ќе бидат од 1Mb/s до 2Mb/s максимум, а навечер можно е да добиете брзина и до 4Mb/s. Сепак подобро е да ви кажеме, отколку да мислите дека нешто ќе се реши за брзо време околу брзината.

Јас: А да ни пратевте некое известување нешто до корисниците да знаеме, сепак едно плаќаме а друго добиваме?

Техничка поддршка: Не сме ние задолжени за тоа, жалете се на друго место. Имајте пријатна вечер.

***Надополнување (11.09.2010 – 03:16)

Како што кажаа, брзините на вечер ќе бидат поголеми.

9 коментари

Сефте

сеп 08 2010 напишано од во Општо

8ми септември 2010 и јас сум независен :) од денес на сопствен домејн и хостинг кој го добив од Urnebes Hosting на наградната игра што ја организираа на Twitter. Постовите од претходниот блог, заедно со некои трудови и семинарски работи кои мислам дека ќе бидат корисни за сите ќе бидат дополнително објавени. Шемата останува иста, ќе блогирам за ГНУ/Линукс, Убунту, Андроид, хакирање и по нешто за приватен живот. Се читаме.

еден коментар