Архива за месец: ноември 2014

Добив писмо, од оние вистинските, на хартија

Вчера (27.11.2014) бев гостин предавач на #EESTECAcademy и кога заврши презентацијата си добив писмо со забелешки за тоа како поминала презентацијата. Бев пријатно изненаден од постапката на Зоран, заради тоа што не бев јас единствениот што доби писменце туку сите гости предавачи ги добија своите забелешки, критики и желби за следна средба.

pismo-001 pismo-002

Здраво Зоран,

Ти благодарам на убавите зборови и забелешки, бевте одлична и интерактивна група за дискусија и учење. Продолжете да се интересирате и да создавате нови работи, ние сме тука да ви помогнам кога ќе ви биде потребно. Зоран, ти честитам и те охрабрувам да продолжиш да ги анализираш и конструктивно да ги критикуваш сите идни предавачи, така сите ќе станеме подобори во она што сакаме да го пренесеме.

Со почит,

Виктор

Новогодишни понуди 2014/2015 @TMobileMK @VipMK @OneMK

#КраткаХорорПриказна ми е секогаш кога ќе треба да си одберам нов пакет за продолжување на договорот. На ТВ реклама понудите изгледаат симпатично до моментот кога ќе одите на сајтот за да се информирате повеќе. Мене ми е најлесно да ги извадам работите што ме интересираат од пакетот да ги напишам цените и да споредам па да донесам одлука. Истото го направив и пред две години, одлуката тогаш падна на @OneMK годинава искрено уште не знам чиј број за грижа на корисници ќе ми биди во Favourite.

Еве го мојот поглед на пакетите  (само СИМ картичка):

ponudi-2014-2

 

Оргиналните понуди:

Што им фали?

  • Vip MK: Поголем интернет сообраќај, 500MB не е доволно во Vip Free+ L. Поголема видливот за Vip 666 на сајтот.
  • One MK: 4G
  • T-Mobile MK: Поголем интернет сообраќај, 500MB не е доволно во Play Start. Бесплатни СМС пораки во пакетите или можност за замена на дополнителните сервиси со СМС пакет.

Заклучок: Во споредба со цените пред две години добиваме повеќе за повеќе пари, меѓутоа квалитетот на услугата е под ценовната оправданост на пакетите кај сите оператори.

Надополнето: Сум ја пропуштил Vip 666 понудата, не успеав да ја најдам сам на сајтот ми ја посочија од Твитер