Архива за месец: јуни 2014

Startup Grind Skopje, ден потоа

Тоа што се случи вчера во МКЦ е можеби најдоброто нешто што и се случило на македонската Startup заедница досега. Не, никој не извади чек за да инвестира туку на едно место се собра толпа од позитивни и насмеани личности кои имаа што да споделат и имаа што да си кажат еден на друг.

CaptureПред пет месеци напишав еден пост “Споделувањето значи дека се грижиме еден за друг” кој вчера го видов на дело од сите што ги запознав таму. Дури ме држи впечатокот сакам со вас да споделам што е она што сакам да го видам на следните Startup Grind настани во Скопје (без редослед):

Листата не е конечна, ова е она што ми текнува во моментот. Колку квалитетни Startup Grind настани ќе имаме во иднина зависи од заедницата, не зависи од организаторите ниту пак од спонзорите. Сите што ќе го прочитате ова размислете кој жежок македонски Startup би имал супер приказна за споделување и инспирација, јас ги познавам само техничките меѓутоа сигурен сум дека има примери и во другите области. Пингајте ја Ирена со идеја https://twitter.com/iRenaWarwick 

Едно од прашањата кои многу ми се допаднаа, а ги поставуваше Ирена после секоја презентација беше “Како можеме ние да ти помогнеме?”

На оваа тема имам предлог да се направи мрежа на Startup Grind Skopje во кој секој заинтересиран ќе може да ги остави своите вештини и интереси.

Размислувам гласно: Податоците да бидат достапни за сите членови на мрежата. Најавувањето на мрежата нека биде со LinkedIn профил за да се заштитиме од спамери. Ваква мрежа ќе ни даде и многу јасна слика со какви вештини располага заедницата и каде треба да повлечеме за да придобиеме нови членови. Ова исто така ќе ги охрабри и тие што имаат “само идеја” и што бараат луѓе со сличен начин на размислување. На тие што имаат само идеја да им се дозволи посебен простор на настаните од 10-15 минути да ја презентираат идејата пред потенцијалните соработници. Исто така ќе им помогне на тие што веќе имаат нешто, а им недостига на пример човек од маркетинг кој би сакал да им помогне или евентуално да им се приклучи.

До следниот Startup Grind Skopje.