Nokia Store се кова додека е жежок

Вчера Nokia презентираше Nokia X фамилија на телефони со Андроид, нормално се крена многу прашина и долго размислував дали политиката која ја водат Nokia Store и Microsoft Services наместо Google Play и Google Play Services e добра или лоша. Малку омекнав кога видов дека е можно да инсталираш Google Play и уствари да си го средиш телефонот онака како што сакаш. Нејсе, ако гледаме на позитивната страна Nokia Store уствари отвора нова врата за апликациите кои не се на врвот на Google Play. Ова е како некој да ви поклонил нови потенцијални корисници.

nokiastore

слика од http://developer.nokia.com/

Зошто мислам дека Nokia X во комбинација со Nokia Store може да биде корисно за вашата апликација?

  • Објавувањето на Андроид апликација на Nokia Store е бесплатено
  • Бројот на апликации на Nokia Store за Андроид моментално е значително помал од тој на Google Play
  • Полесно ќе стигнете до препорачани апликации
  • Не бара дополнителен развој на веќе постоечка апликација која ја имате објавено на Google Play (освен ако не користите мапи или пуш нотификации)
  • Сите потребни ресурси за да ја објавите веќе ги имате спремни за Google Play, треба само да ги ископирате
  • Прочитај го насловот

Колку е лесно да се објави апликација на Nokia Store?

Јас веќе ја пуштив 365 Wallpapers и чекам да ја одобрат. Пазарот на кој таргетират со Nokia X моделите е прилично голем и според моите претпоставки Nokia X ќе стане поим за паметен телефон за ниска цена и ќе ги замени сите Desire C, Galaxy Ace, Xperia Tipo и останати обиди за паметни телефони. Можеби никогаш нема да бидат висока класа на паметни телефони, ама ќе се вратат на ниската и средната класа каде што припаѓаа и претходно.