Алатки за Андроид програмери 2

Во 2012-та Ви напишав блог пост за алатки кои може да ги користите за да ви го олеснат животот (програмерскиот), време е да се надополни листата затоа што многу работи се смениле од тогаш. Дел од алатките во претходниот пост уште се корисни и ги користам и денес, дел сум ги заменил со нови и подобри. Тогаш и сега Ви споделувам само алатки кои лично сум ги користел во реален проект или сум му се посветил да ги тестирам, што значи сите алатки се одобрени од мене 🙂

zuberotapp

Genymotion – Побрз и подобар емулатор за Андроид. Поддржува голем број на различни уреди и ги има сите верзии на Андроид. Редовно има надградба со нови уреди и верзии. Сум Ви пишувал порано како да извадите максимум од Genymotion еден и два. Најмногу го користам за да ги пробам сите резолуции на кои треба да работи апликацијата, досега ми има помогнато многу во испораката на апликации за различни уреди.

TestObject – Ова е прилично нова алатка и има супер концепт. Идејата е да си направите тест сценарија, да ги снимите и да ги извршувате кога е потребно. Единствено што не ми се допаѓа е цената на пакетите, бесплатната верзија нуди доволно за домашни проекти , за посериозни работи ќе треба да си платите. Она што ми се допаѓа кај овај сервис е што е независен од околината за развивање што го прави погоден за тестери. Конкретно го користам за 365 Wallpapers и сум задоволен од она што го има најдено во апликацијата.

Bitbucket – Нуди неограничен број на приватни Git складишта. Претходно користев Assembla меѓутоа сега нудат само едно приватно складиште. Bitbucket нуди и супер GUI алатка за работа со складиштата. Го користам за да ги чувам домашните проекти на безбедно место.

GitEye – Кога мигрирав од SVN на Git најтешко ми беше решавањето на конфликти, споредба на верзии од датотеки и слични не така едноставни задачи. Ги пробав сите најпознати GUI алатки за Git и ова ми изгледаше најблиску до она што го знаев од Eclipse и SVN па ми помогна многу. Денес не го користам толку често, али кога ќе замрсам нешто само ова ме вади од калта, супер е и за почетници со Git.

Apiary – Сакам да ја знаев алатката многу порано, ова е алатка која ќе ви скрати многу време во дискусии Backend <-> Frontend Нема ништо посекси од добро документирано API за комуникација. Дополнително може да дискутирате за дизајнот со колегите. Алатка која треба да се користи на сите проекти што имаат API! Дури и да правите сервис кој ќе биде јавно достапен искористете ја алатката за да го опишите вашето API, корисниците ќе бидат среќни.

Postman – Пред да имплементирам во апликација секогаш ја користам апликацијата за да тестирам дали она што треба да го пратам/добијам со некој севис е во формат во кој што очекувам.

JSONView – Ова е алатка што си работи во позадина и секогаш кога пред вас ќе се појави JSON датотека ќе се погрижи сето тоа да биди фино форматирано и лесно разбирливо. Мерак.

JSON To Java – Пастирате .json датотека и ви враќа .java класи, ако користите Gson ќе ви напишe и анотации. Ја користам секаде каде што имам JSON комуникација. За да хостирате JSON можи да користите приватен Gist.

JSON Stub – Супер начин да си го мокирате Backend-от уште пред да биди готов и корисно за да направите прототип на апликација. Ќе може паралелно да развиваат и тие што работат на клиентите и тие што работат на сервисите ако претходно го дефинираат форматот на размена на податоци.

Gradle, please – Сега во мода е Gradle, колку и да одбивав на почеток да го комбинирам со Android Studio сите нови проекти ги пишувам со Gradle и Android Studio, а тука ги барам сите библиотеки кои ми требаат.

Balsamiq Mockups – Секогаш е полесно нешто да нацрташ отколку да објасниш, посебно за софтвер. Она што ми се допаѓа за Balsamiq е што може да се поврзи со Google Drive па сите мокапи да ми бидат достапни секаде. За комплетно уживање инсталирајте го и Android ICS пакетот.

draw.io – Замена за Visio и исто така може да се поврзе директно со Google Drive што му прави awesomeness++ ја сакам алатката во секоја смисла, можат и колегите да соработуваат со мене на ист документ. Можам да цртам дијаграми

Ако имате слични алатки кои ги користите за да бидете поефективни и поефикасни слободно споделете за да направиме трет дел.