Архива за месец: февруари 2014

Nokia Store се кова додека е жежок

Вчера Nokia презентираше Nokia X фамилија на телефони со Андроид, нормално се крена многу прашина и долго размислував дали политиката која ја водат Nokia Store и Microsoft Services наместо Google Play и Google Play Services e добра или лоша. Малку омекнав кога видов дека е можно да инсталираш Google Play и уствари да си го средиш телефонот онака како што сакаш. Нејсе, ако гледаме на позитивната страна Nokia Store уствари отвора нова врата за апликациите кои не се на врвот на Google Play. Ова е како некој да ви поклонил нови потенцијални корисници.

nokiastore

слика од http://developer.nokia.com/

Читај повеќе

Gradle рецепти 1: Google Play Release

Откако ќе го прочиташ ова ќе може да направиш верзија од твојата апликација спремна за објавување на Google Play за помалку од 20 секунди. Крајниот резултат е .zip датотека која содржи APK и mapping.txt датотека за proguard. Бидејќи работите ги сакам чисти и ако е можно со една команда, zip датотеката автоматски се архивира во “public-builds” во проектот. (#protip оваа датотека може да ја ставиш под Dropbox за комплетно уживање)

gradle-google-play-1

Читај повеќе

Дискусија на тема: Брендирање на мобилна апликација

Сценарио: Вие сте сопственик на бренд со име MojotBrend и имате потреба од мобилна апликација. UX и UI тимот за вас има спремни дизајни за двете најголеми платформи Android и iOS.

Ова е вашиот бренд:

mojotbrend

Читај повеќе

Осум работи кои сакав да ги знам пред да го напишам првото CV

Како денес се сеќавам дека кога го спремав првото CV за сефте во кариерата, потрошив два дена читајќи како да напишам подобро CV. Ништо од то шо го прочитав не беше точно, во сите статии што ќе ги најдете на интернет ќе ве тераат да пишите комплицирани CV-а кој никој не ги чита. Денес немам стандардно CV, го користам LinkedIn и ако некој е екстремно упорен да добие документ кој ќе биде “мое CV” едноставно правам Export as PDF од LinkedIn и го праќам. Она што сакам да го споделам денес со Вас може да биде еднакво корисно и за тие што прв пат пишуваат CV или го освежуваат постоечкото (ако веќе не се спремни да се префрлат на LinkedIn стил). Генерално точките се за профили кои работат во IT сектор и не можам да тврдам колку се применливи во останати професионални профили.

noidea

Читај повеќе

Алатки за Андроид програмери 2

Во 2012-та Ви напишав блог пост за алатки кои може да ги користите за да ви го олеснат животот (програмерскиот), време е да се надополни листата затоа што многу работи се смениле од тогаш. Дел од алатките во претходниот пост уште се корисни и ги користам и денес, дел сум ги заменил со нови и подобри. Тогаш и сега Ви споделувам само алатки кои лично сум ги користел во реален проект или сум му се посветил да ги тестирам, што значи сите алатки се одобрени од мене 🙂

zuberotapp

Читај повеќе