Socialspot, друштвена мрежа за среќни тимови

Постои само еден услов за тимот да биде успешен, тоа е да соработува и да се надополнува меѓу себе. Socialspot е сервис за кој сум сигурен дека позитивно ќе го размрда вашиот тим и организација.

ss

Тестирајќи го сервисот најдов многу реални примени за кои во моментов се користи Skype или електронска пошта. Без разлика дали работите во компанија што има 3, 30 или 300 вработени сигурно сте дел од групи на Skype или мејлинг листи на кои дискутирате за:

  • технички промени во системот
  • одење на ручек
  • одење на пиво после работа
  • споделување на корисни содржини поврзани со некоја тема
  • споделување на некорисни содржини
  • посебни групи за секој тим
  • посебни групи со и без менаџерите
  • културно забавен живот
  • … вие кажете

Проблем: Бројот на вакви групи и групни мејлови на дневно ниво расте, групите стануваат тешки за следење а мејловите стануваат тешки за читање веќе после вториот Reply to all.

Е сега, зошто решението е друштвена мрежа? Многу едноставно, денес сите користат некаква друштвена мрежа (Facebook, Google+, Twitter) и веќе го имаат знаењето, знаење кое може да го искористите за создавање друштвена мрежа во рамките на компанијата.

Што ќе добиете како организација?

  • Сите податоци ќе бидат на едно централизирано место
  • Лесен пристап секој до секој
  • Не ги губите податоците кога некој член од тимот си заминува
  • Полесно прилагодување на новите членови во тимот со сите историски податоци
  • Во секој момент знаете што е актуелно во компанијата (како што знаете што е актуелно кога ќе отворите Facebook или Twitter)

Најголемата придобивка ја гледам во поврзување на знаењето и соработката помеѓу различни профили на луѓе од различни тимови или сектори и централизирање на знаењето и дискусијата на одредена тема или задача.

sosocialspot

Она што ми се допадна во целата приказна е можноста за интеграција на сите популарни светски сервиси, па така лесно ќе напишете пост/известување или прашање на кое ќе може да прикачите документ од Dropbox или Google Drive, ќе може да се договорите пиво/ручек со помош на интегрираните мапи, да прикачите слика или видео, уствари да направите се што ќе ви падне на памет.

Проблем: Како ќе најдам податок од минатото?

Ова е мојот омилен дел од системот, од прва добивате информации што се корисни на клучниот збор (за ова да функционира како што треба мора да воведете некакви правила за пишување на постовите, ни еден систем не знае да ги чита вашите мисли). Многу ми е симпатичен и корисен делот со дефиниции од десна страна.

search

Ќе Ве оставам остатокот од функционалностите сами да ги истражувате, искористете го 30 дневниот тест период за да ги отклучите сите функционалности.

Пред да почнете со користење разговарајте со вашите колеги, сите ќе имаат да кажат барем по еден пример каде наоѓаат примена на ваков систем. Коментарите како и секогаш Ви се отворени за дискусија.