[Надополнето] – LetsFundIt може да успее, ако сакаме

Не е платен пост, не планирам да Ве убедувам сакам само да ја споделам мојата визија. Ваше е дали ќе прифатите нешто од моите гледања на нештата. Во саботата беше презентиран LetsFundIt, како и со се друго така и со ова одма се крена прашина околу сервисот, па имаме поделени мислења ќе успее или не и дали воопшто сме спремни за ваков сервис. Одма да разграничиме јас мисалм дека ќе успее и дека сме спремни и зрели за ваков тип на финансирање на проекти.

Во една реченица:

Краудфандинг е процес на собирање на средства од многу единки кои се расположени да вложат мали суми на пари за вашиот проект.

crowdfunding

Колку мали? Во мојата глава за наш пазар мислам дека може да се надеваме на суми што се движат од 100 до 300 денари. За да соберете 300 000 денари за почеток на вашиот проект ќе ви бидат потребни 3000 поддржувачи што ќе донираат по 100 денари. Сега ќе речете, дали во Македонија имаме пазар за да очекуваме толку трансакции? Секако дека имаме, еве што се случувало на интернет во 2012 на сајтот на Групер:

Продадени купони преку интернет 120 000 

Мене оваа бројка ми изгледа задоволителна, се работи за бројка од 2012-та, сигурно за 2013-та е уште поголема и се работи за бројка од само еден сервис кој има 40% од сите интернет транскации за Македонија. Што значи за да привлечете 3000 трансакции ви треба да таргетирате само 3% од овие трансакции. Да, сервисите се за сосема различна намена меѓутоа ова кажува дека Македонците ги користат картичките за плаќање на интернет, ваше е само да им дадете доволно добра причина да потрошат 100 денари на вашиот проект.

Уште една причина поради која што мислам дека треба да започнете проект на сервисот е уште во фаза на зачеток на идеја да добиете некаква реакција од потенцијалните корисници, ако најдете барем 100 поддржувачи ете нека не се 1000 тоа се 100 луѓе кои ја верификуваат вашата идеја, со таа бројка полесно ќе стигнете до некој поголем инвеститор, друго е кога ќе тропнете на врата да побарате инвестиција во проект кој е помеѓу неколку луѓе, друго е кога тоа е толпа од 100 луѓе.

Го користам Групер како успешна приказна заради тоа што на почетокот никој не веруваше дека такво нешто кај нас може да успее се дури не пробаа неколку корисници и споделија искуство, затоа мислам дека LetsFundIt може да успее и тоа зависи само од нас самите и дали ние сакаме да гледаме малку пошироко или сакаме да останиме заглавени во тоа дека во Македонија ова не може да успее.

Call me crazy ама јас верувам дека може многу успешни проекти да започнат на ваков начин, поддржани директно од заедницата и од потенцијалните корисници.

Дали ќе успее нешто во Македонија или не, зависи само од самите нас. Немојте да се плашите од новите работи, слатко е да си прв во нешто.

Податоците се од 2012-та затоа што Групер уште ги нема објавено за 2013-та, а останатите слични сервиси кои ги контактирав не беа расположени да споделат информации до моментот на пишување на постот. (Контактирани беа @KolektivaMK@W0Wmk@kupinapopust ) И без нивните податоци има поента целата приказна затоа што бројките се доволно големи.

Другар ми Мартин сака да сподели нешто на истата тема.

[Надополнето 28.01.2014]

Утрово http://blogirame.mk го објави својот проект и веќе имат 4 поддржувачи и 1000 ден.