Слушам, сакаш да програмираш Андроид

Јас ќе ти помогнам зошто 4 години професионално се занимавам со изработка на Андроид апликации. Во продолжение ќе прочиташ текст кој ако го напишеше некој кога јас почнував да работам Андроид ќе ми заштедеше многу време.

anddev

Програмирањето бара многу посветеност и темелност, постои пат кои мора да го помините и на тој пат не постојат скратени патчиња. Она што често го разговарам со помладите колеги кои сакаат да работат Андроид е дека не треба да се фокусираат од почеток на платформата туку да да го научат објектно ориентираното програмирање и неговите концепти, да повежбаат малку Java SE за потоа полесно да го изодат патот на Андроид.

Пишувајќи го овај пост тргнувам од претпоставката дека тој што ќе го чита има голема желба да научи да програмира, досега има изработено барем една Hello World апликација во било кој програмски јазик и е спремен да одвои три-четири месеци од своето време за да научи нешто ново.

Ќе започнам од мојата омилена книга за Java SE наменета за почетници:

headfirst

 

Од оваа книга потребни ви се да ги знаете темелно следните глави:

  • Chapter 1 (Breaking the Surface)
  • Chapter 2 (A Trip To Objectville)
  • Chapter 3 (Know your variables)
  • Chapter 4 (How Objects Behave)
  • Chapter 6 (Using the Java Library)
  • Chapter 7 (Better Living in Objectville)
  • Chapter 8 (Serious Polymorohism)
  • Chapter 9 (Life and Death of an Object)
  • Chapter 10 (Numbers Matter)
  • Chapter 11 (Risky Behavior)

Останатите прочитајте ги информативно. За да биде ефектот онака како што сакате од книгата треба да ги изработите сите дополнителни вежби и домашни задачи. Решенијата лесно може да ги најдете на интернет за да си направите проверка на знаењето.

Откако ќе ја обработите оваа книга вие знаете само 40% од она што треба да го знаете како сериозен Андроид програмер. Објектно ориентираното програмирање и неговите концепти се она што ќе го работите секојдневно ако професионално работите Андроид апликации.

Додека работев со студенти според претходната книга ги учев пред спиење наместо љубовно романче да ја читаат:

cleancode

 

Оваа книга никогаш нема да ја обработите еднаш. Ова ќе нека Ви биде книга за консултација, за дискусија со колегите, за размислување ама во никој случај немој да ја прескокнувате. Ова е книга за пишување убав и чист код, со тек на годините ќе ви биде јасно зошто е битно и зошто сум ја спомнувал уште на почеток.

Теоретски гледано претходните две книги кои Ви ги предлагам се половина од патот до Андроид, во оваа точка ги добивате основните познавања од JavaSE и имате претстава за основните концепти на Објектно ориентираното програмирање.

Ајде да додадеме уште малку % на приказната. Иако книгата е од 2011, ги покрива основните работи кои треба да ги знаете за програмирање Андроид,

headfirstandroid

ја препорачувам оваа книга затоа што откако ќе ја завршите ќе може многу лесно да се снајдете во мојата омилена книга за Андроид.

proandroid

 

Да, мора да ги прочитате книгите. Не, нема книги со превод. Англиски мора да знаете.

Ако ви е позгодно да следите курс на интернет наскоро започнува курс на Coursera. Јас лично го немам следено овај курс меѓутоа ја видов програмата и е одлична, Ви препорачувам да го следите паралелно Pro Android 4 книгата што Ви ја  предложив.

YouTube е преполн со курсеви и за JavaSE и за Android, не можам да ви предложам ништо од тоа затоа што според мене книгите се најдобар извор за учење на платформата. Она што го најдов пред некој ден е еден поинаков пристап за учење кој ми изгледа доста интересен.

За да додадете уште поголема вредност на вашето знаење ќе треба секојдневно да следите што се случува на тема Андроид, а се случува многу. Ќе ви предложам неколку неизбежни ресурси:

Немој да се плашите, засукајте ракавите и се гледаме на Google Play 😉

*Книга со ѕвездичка за пред спиење

design

 

Книгите нема да ве направат програмер, ама напорната работа и секојдневното надоградување на знаењето ќе ви помогнат во мисијата.

До следното читање.

[Надополнето 16.01.2014]

Еве уште две книги кои се предложени од заедницата:

thinking

 

по предлог на Dino Bojadzevski која ќе ви помогне како замена или како продолжение на Head First Java. И втората книга на предлог од Зоран Николовски од која може да прочитате 93 одлични рецепти за Андроид апликации:

cookbook