7 места во Скопје со над 10 000 чекирања на 4sq и како да го искористиме потенцијалот

Мене ми е секогаш интересно да знам некакви бројки за тоа колку многу корисниците ги користат мобилните телефони додека се излезени. Си поиграв малку со јавното API на Foursquare и бројките што ги видов позитивно ме изненадија па решив да ги споделам. Она што можам да го заклучам е дека имаме активна заедница на 4sq корисници кои редовно оставаат коментари и предлози на местата каде што излегуваат.

fourscquare

Ајде малку бројки пред да се фрлиме на дискусија како да го искористиме ова.

Податоци од 16.01.2014, извор 4sq API:

4sqsk

За копаниите и брендовите:

  • Во вашата продавница X купувачи Y пати го извадиле телефенот да се чекират, дали им дадовте некаква специјална понуда?
  • Дали сте ги отвориле да ги прочитате советите од корисниците? Можеби некои се лоши и се однесуваат на вашиот производ или услуга.
  • Побарајте помош од заедницата на програмери, смислете некаков нов продукт за вашите корисници, гледате дека тие не се делат од мобилниот.

За програмерите и креативците:

  • Видете ги бројките, не е толку лошо колку што ми се чинеше и мене. Се менуваат генерациите, овие новите ја создаваат содржината на интернет.
  • Имаме потенцијал да развиваме сервиси кои ќе им помогнат на корисниците и компаниите
  • Најкористените апликации имаат јавни и бесплатни API-ја кои лесно се интегрираат во секоја идеја.