Како да го преведам NFC?

Доаѓа период во кој ќе се изнаслушаме за NFC (Near field communication) сервиси и продукти.

nfc

Пред да се преплави интернетот со смешни преводи и да се изгуби поентата решив да го побарам најсоодветниот превод за NFC, па на Твитер поставив прашање на кое како и секогаш добив одлични одговори.

Еве неколку од нив кои ми звучеа најдобро:







За мене овие две дефиниции се сосема коректни да се користат во статии, текстови, тези, научни трудови, дипломски:

КБП – Комуникација на блиски полиња

Tехнологија на комуникации во непосредно поле

А во некој контекст може да го користите и:

Близинска размена на податоци.

Пример: Апликацијата користи технологија на комуникации во непосредно поле (NFC) за да ја изврши трансакцијата, за што ќе ви биде потребен уред со овозможена близинска размена на податоци.

*Лектори, ако го прочитате постот и имате забелешка слободно оставете коментар.