Убави кориснички профили во Андроид апликација

Корисничките профили ги имаме во скоро сите апликации, а мобилните апликации секако дека не се исклучок. Без разлика дали се работи за користење на постоечки информации за профилот повлечени од Facebook, Twitter, Google+ или друга социјална мрежа или се работи за профил специфичен за апликацијата, информациите најчесто се состојат од име, слика, опис и цел еден дел за детали и акции поврзани за профилот.

Голем дел од мобилните апликации имаат цела секција каде што може да го погледнете и да го менаџирате својот кориснички профил. Денес ќе ви покажам како да го направите овој дел од апликацијата забавен и различен.

Ако некогаш сте користеле iTunes сигурно сте забележале дека боите и стилот се менуваат во зависност од песната што ја слушате, боите кои ги гледате се дел од омотот на албумот од кој што доаѓа песната. Ова за мене е одлично корисничко искуство. Apple во нивен стил го прават ова елегантно и убаво.

Денес, во Android Weekly #81 видов библиотека со која за дадена слика ги добивате основните бои од кои е составена сликата, во примерите за библиотеката повторно е разгледан примерот со омоти за музика. Она што ми падна на памет кога видов што може да направи библиотеката е да го искористам ова за да ги направам корисничките профили различни.

Она што можам да го забележам од социјалните мрежи, корисниците се грижат за своите профилски слики, тие се секогаш тематски и внимателно избрани. Сигурно периодов гледате профилски слики со снег, зимски капчиња, бои на зимата, во лето генерално гледате слики од вода, во пролет зеленило а во есен дожд и есенски лисја, епа ајде да го искористиме трендот и да ги направиме кориснички екрани да ги прилагодат боите според профилските слики.

Еве неколку примери кои можеби ќе ве натераат да го направите ова во своите апликации:

c001

c002 c003 c004

Сега малку код за тоа како го имплементирав:

1. Вметнете ја библиотеката во вашиот Андроид проект:

compile 'org.michaelevans.colorart:library:0.0.1'

2. Направете layout онака како што одговара на вашиот проект

3. Ова е мојата функција која ја користев за екраните горе:

    private void generateAwesomeProfileLayout() {
        Bitmap bitmap = BitmapFactory.decodeResource(getResources(), R.drawable.profile);
        ColorArt colorArt = new ColorArt(bitmap);
        profileContainer.setBackgroundColor(colorArt.getBackgroundColor());
        profileImage.setBackgroundColor(colorArt.getBackgroundColor(), FadingImageView.FadeSide.LEFT);
        profileName.setTextColor(colorArt.getPrimaryColor());
        profileDescription.setTextColor(colorArt.getSecondaryColor());
        profileDetails.setBackgroundColor(colorArt.getDetailColor());
    }

Сигурен сум дека ќе најдете уште мал милион места каде може ја искористите библиотеката, слободно споделете во коментари.