365 Позадини за Андроид

Срамота е ако го читате ова и уште ја немате пробано апликацијата. Јане веќе се произјасни на темата, сега како шо е редот јас да кажам збор два.

Kако и обично се вртеше муабет на групњакот на Скајп и ми се виде згоден моментот да споделам една идеја. Знаев што точно сакам да напрам ама искрено времето не ми дозволуваше да го реализирам тоa сам до крајот на годината. Си ја кажав маката и нормално се разбуди креативноста кај сите и за 10 минути (да за 10) имавме конкретен план, кој шо треба да побара, кој да обезбеди позадински сервис, кој ќе нацрта дизајн, кој ќе седни и ќе истражува на темата и како да ја испорачаме идејата што е можно побрзо до 01.01.2014.

Речено, сторено.

Се мобилизиравме и за еден викенд веќе имавме позадински сервис од Chute благодарение на Дарко, Јане веќе работеше на дизајнот, а јас веќе кренав Git складиште и имавме прототип кој работеше со статични слики. Додека ние работевме на случајот, Јане ги среди фотките и ги постави на сервисот. Недела дена покасно, вие го добивте 365 Wallpapers.

Како и со секоја апликација така и 365 Wallpapers имаше приватна бета верзија (3 дена). Од бетата произлегоа уште неколку идеи за апликацијата, на пример: ви се допаѓа Not today? Get random опцијата? Епа таа е по идеја на Светле и Стефан. Има и скриена идеја од Шокре, ќе треба малку сами да се потрудите за да ја најдите 😉 Нормално тука беа и одличните технички забелешки од Медо и Никола. Дел од нив успеав да ги склопам во оваа верзија, дел ќе останат за наредна верзија. Во последните 24 часа добив и неколку мејлови од корисници низ светот, кои имаат одлични идеи за апликацијата. Не се срамете да споделите ако имате проблем или идеја.

Багој има, знам. Работиме на стабилизирање, малку тешко оди заради огромниот број на уреди кои се опфатени ~4424, меѓу кои телефони од најмал до најголем, таблети, па дури и телевизори што работат на Андроид (да, веќе имаме и такви корисници).

Ова е мојот новогодишен поклон за Јане, затоа што цела 2013та ми го полнеше Фејсбук и Твитер фидот со убави слики.3651