За Nexus телефоните

Често го добивам прашањето “Кажи ми кој телефон да го купам ама да е убав и да не е многу скап?“. Јас секогаш одговарам со Nexus и моделот кој е моментално актуелен.

Сега да ме прашате ќе ви одговорам “Во јануари 2014 да си купиш LG Nexus 5

lg-google-nexus-5-1

Кој ме прашал запознаен е со приказната зошто мислам така, ете ја целата приказна:

Мојата математика (од поглед на корисник, а не на човек на кој работата му зависи од телефони) вели вака:

  • За телефон не треба да се платат повеќе од 350e (без договор)
  • Телефонот треба да ме служи 2 години. (месечно тоа е 1000ден.)
  • Сакам во времето на користење секогаш да имам најнова верзија на Android.
  • Телефонот нормално да ги извршува секојдневните задачи без да ме малтретира.

Во оваа математика единствено ми се вклопуваат Nexus моделите, еве зошто:

  • Нов модел на Nexus телефон се појаува секоја година некаде во периодот од октомври-декември. Секој модел е софтверски поддржан 2 години што значи дека најновите верзии на Android ги имаш во текот на тие две години. Ова не е случај со другите производители, на пример моделите на Samsung кои не се од серијата Nexus ќе добијат Android 4.4 дури во јануари 2014, некои во април 2014, а некои нема воопшто да добијат софтверска наградба бидејќи… (никој не знај зошто). А корисниците на последниот Nexus 5 и Nexus 4 веќе ја имаат надградбата. Да не го заборавиме фактот дека овие модели чинат некогаш и дупло од Nexus моделот.
  • Nexus моделите секогаш имаат чиста верзија на Android, не доаѓаат со еден куп непотребни алатки и апликации кои никогаш нема да ги искористите. Сопствениците на модели кои не се Nexus после првите 6 месеци веќе бараат алтернатива и најчесто верзијата ја заменуваат со некој Custom Android ROM, од искуство ви тврдам дека сите возат на CyanogenMod кој е најблиску до вистинската Android варијанта. Тука треба да си го поставите прашањето “Дали апликациите на Samsung или HTC ми даваат вредност за да платам модел кој е поскап од Nexus моделот”
  • Nexus моделите имаат страшно брз хардвер и работат одлично во периодот од 2 години. Досега сум ги користел сите Nexus модели, проверено. Ако ги споредите во спецификација на пример Samsung Galaxy S4 и LG Nexus 4 точно е дека Samsung е подобар на хартија и на тестови, во реални услови на користење не постои начин да ја забележите разликата, а цената која ја плаќате е значително различна.
  • Nexus моделите ги прават различни производители по “наредба” на Google. Тоа не значи дека ако последниот Nexus 5 го правел LG, треба да се залетате по LG G2 на пример. Тоа во никој случај не е исто, никогаш не би купил LG G2, колку и да изгледа фенси и да е јак на спецификација. Едноставно за мојот модел не се грижи Google туку LG, нејќам да се грижи ни LG, ни HTC ни Samsung. Накратко “Nexus 5 е на LG исто колку што iPhone 5S е на Foxconn”

Неколку сценарија за да ја објаснам приказната, секогаш скокаш модел:

Сценарио 1:

  • Во 2010 си купил HTC Nexus One
  • Во 2012 си купил Samsung Galaxy Nexus
  • Во 2014-та треба да купиш LG Nexus 5

Сценарио 2:

  • Во 2011 си купил Samsung Nexus S
  • Во 2013 си купил LG Nexus 4
  • Во 2015 треба да купиш наследникот на LG Nexus 5

Сценаро 3:

  • Во 2012 си купил Samsung Galaxy Nexus
  • Во 2014 треба да купиш LG Nexus 5

Сценарио 4:

  • Во 2013 и купил LG Nexus 4
  • Во 2015 треба да купиш наследникот на LG Nexus 5

Nexus Phones Evolution

 

Би сакал некој да направи слична споредба и за iPhone телефоните и да го разбиеме митот дека секогаш треба да се има најновиот модел на телефон.