[Tест] – Android SmartTV Box MK809 Quad Core

Оваа недела имав одличен уред за тестирање од KupiOdDoma.com се работи за Android Smart TV Box, кога го добив уредот знаев точно во кои делови треба да го тестирам бидејќи два месеци го користам послабиот брат MK808. Пред да скокнам да деталите околу уредот, да ги видиме техничките спецификации на хартија:

MK809

 

  • Оперативен систем: Google Android 4.2.2 (Flash 11.X; HTML5)
  • Процесор: Rk3188 Quad Core 1.8 (Cortex-A9)
  • Внатрешна меморија: 8 Gb (Зафатени 1 GB за системот и околу 820 Mb за апликации), може да се надгради до 32 Gb
  • РАМ Меморија: 2 Gb DDR3
  • Слотови: Micro-SD, mini HDMI, Mini USB, USB 2.0
  • Вградена графичка картичка: Mali400, Поддржува 1080P , Full HD(1920×1080)
  • 802.11a/ b/g/n
  • Се контролира преку маус, тастатуара, џојстик… (преку USB влез)
  • Вграден 3D Accelerator. Поддржува 3D gaming

Во пакувањето ќе ги добиете сите потребни кабли за уредот, инсталацијата е лесна и едноставна. Нема да ви одземе повеќе од 3 мин.

MK809

Она што прво ми падна во очи е брзината со која се стартуваше уредот (истата брзина ја добив и после 4 дена тестирање и инсталирани преку 20 апликации и игри). Ова се должи на Quad-Core A9 процесорот кој одлично се снаоѓаше во текот на целиот тест. Веднаш ќе ве пречека јасна 1080p слика која ги прикажува боите на солидно ниво и за гледање на филмови и за играње на игри.

MK 809

Уредот може лесно да го контролирате преку USB глувче или тастатура, јас го преферирам овај дополнителен уред кој не доаѓа во пакувањето меѓутоа според мене е одлична инвестиција. Оваа тастатура ја имаше во претходниот каталог на АМЦ, сега не можам да најдам линк за да ви ја споделам. Цената е околу 1500ден.

Keyboard

Тоа беше околу техничките спецификации и околината во која го тестирав уредот. Првото прашање што се поставува е “Дали ми треба ваков уред дома?” Одговорот е да ако немате SmartTV, а не сакате да инвестирате во поскап телевизор. За цена од 4190 ден.  добивате Quad Core мини компјутер кој може да го прошири секојдневното користење на телевизорот, дури и на тој што ја има ознаката Smart. Технички, добивате таблет со големина на вашиот телевизор 🙂 Можностите кои ги нуди Android како оперативен систем и работите кои може да ги правите со уредот се еднакви на бројот на различни апликации на Google Play, па така директно на вашиот телевизор ќе може да читатате вести, електронска пошта, да проверите Facebook и Twitter, да го користите како играчка конзола, да гледате YouTube и Vimeo, да слушате дигитални радија преку интернет, па дури и да читате книги. Сами ќе одлучите за што ќе го користите, јас ќе Ви кажам за што го користам јас.

Уредот доаѓа со многу инсталирани апликации меѓу кои и неколку игри. Од стандардните ги имате Gmail, Google Play, YouTube, Facebook, Twitter и Skype. На првото најавување со вашата сметка целиот систем ќе направи надградба на овие верзии. Она што е важно е дека уредите доаѓаат со инсталиран Flash Player кој од пред некое време не е достапен за симнување, ова можеби ќе ви биде корисно на некои сајтови кои сеуште ја користат оваа технологија. Покрај системскиот прелистувач добивате и Google Chrome кој веднаш може да го синхорнизирате со тој на телефонот, таблетот или компјутерот па така да ги добиете сите Bookmarks и сите лозинки директно на уредот. Ова ќе ви го направи секојдневното сурфање многу полесно и подостапно.

Веројатно прво нешто што ви паѓа на памет е како да го искростите уредот за да ги гледате (стримате) мултимедијалните содржини од вашиот компјутер директно на ТВ. Да и мене ова ми беше првата идеја кога го видов уредот, оваа опција ја користев цели 2 дена, вистинската вредност на уредот ја најдов во останатите функционалности. Подесувањето на ова сценарио е лесно и едноставно, дури имате вградена апликација во самиот уред. Ако тоа не ви заврши работа пробајте AirStream или некои слични, сите функционираат на ист начин.

Она што второ ми падна на памет е да го користам како конзола за играње 🙂 иако не сум некој гејмер (море не сум никаков) сепак понекогаш ме фаќа ешта (желба) да изиграм NFS или Fifa, тука уредот е одличен, графиката е супер и се течи мазно (слично како на Nexus 7). Морам да напоменам дека некои игри е невозможно да ги играте и покрај тоа што ќе се вчитаат, тука проблемот е во тоа што некои игри зависат од други сензори или бараат акции кои што се комбинација од повеќе допири на екранот (не заборавајте дека не може да го пипкате телевизорот, ниту пак да го поместувате лево-десно за да возите). Она што ќе може да го играте ќе биди со добра графика и без никакво сецкање. Додека сме кај игрите оваа апликација https://play.google.com/store/apps/details?id=org.videomap.droidmoteserver ќе ви биде од голема корист, чини ~3$ а сигурно ќе ви биде забавно да играте од телефон или таблет директно на ТВ. Истата апликација може да ја користите и за да го управувате покажувачот на ТВ или да ја користите тастатурата. https://play.google.com/store/apps/details?id=org.videomap.droidmoteclient

DroidMote

Она што е одлично во овој модел за разлика од претходникот MK808 е тоа дека покажувачот од глувчето е поголем и се движи помазно низ екранот, за брзината веќе ви кажав, уредот има доволно процесорска моќ и RAM меморија за воопшто да не осетите некакво тромаво однесување (што не е случај кај MK808 моделот).

Исто како и игрите така и видео содржините во 1080p не се никаков проблем за прикажување, единствено доколку ги пренесувате преку мрежа може да се соочите со малку доцнење до првиот почеток потоа се оди како што треба. Системски имате инсталиран MX Player кој ги поддржува скоро сите видео и аудио формати, иако јас преферирам да го користам VLC https://play.google.com/store/apps/details?id=org.videolan.vlc.betav7neon, VLC може да го искористите и за да поставите стриминг од PC или од друг Android уред (Androidception).

Она што најмногу го користам е YouTube, секоја снимка автоматски е вчитана во HD резолуција што е одлично, јас едноставно уживам во можноста сите омилени YouTube канали да ги гледам на голем екран и во висока резолуција без да треба да влечам кабли или да ги симнувам видеата па да ги префрлам на USB.

YouTube

CheapCast е уствари софтверска алтернатива на Chromecast https://play.google.com/store/apps/details?id=at.maui.cheapcast па така ќе може да ги добиете сите функционалности од Chromecast.

Од останатите можности, ја обожавам можноста да можам да вртам вести преку Feedly https://play.google.com/store/apps/details?id=com.devhd.feedly иако на почетокот ми изгледаше забегано, со тек на време ми ја замени потребата да ги читам вестите на телефон или таблет дури сум пред ТВ.

За мене ова пред се е уред за забава и одлична основа за креирање модерен мултимедијален дневен престој, замислете ги можностите доколку го поврзете со некое фино појачало и квалитетни звучници.

Во однос на она што го плаќате и она што го добивате мислам дека е супе зделка кога ќе се спореди минималната цена која што треба да ја платите за SmartTV дополнително можностите на Android се неспоредливи во однос на можностите на системот на кој што работат паметните телевизори.

Се што може да направите со вашиот Android телефон или таблет може да го направите и на овој уред.

Уредот може да го набавите од KupiOdDoma.com по цена од 4190 ден.

До следното читање.

zuberot approved