3 години кариера

Пред 3 години почна мојата професионална Андроид кариера, како денес се сеќавам на првото интервју со @smarkovik  седевме во “Мечос” пиевме кафе и праевме муабет скоро саат и пол. Толку позитивна личност немав сретнато до тогаш, заедно со регрутерот @biljanash  ми оставија неверојатен прв впечаток и знаев дека сакам да работам со нив.

Како денес се сеќавам на прашањето од Танчо:

Танчо: Според тебе колку добро го познаваш Андроид од 1 до 10?

Јас (силен): Осум

Танчо: Се насмеа.

После вториот ден на работа сватив дека тоа што го знам е далеку од 8, море далеку и од 6. Ама најважно ми беше дека добив шанса да работам со одлични инженери, мајстори на занаетот и да учам од нив.

Ги запознав: @smarkovik@Marincek,  @goran_spin@trumpets,  @nikolazivkov@zajkovski

Скоро две и пол години работев во тим со нив (more or less) и она што го научив од нив не го пишува во ниедна книгa, на ниеден блог ниту пак stackoverflow.

Јавно Ви се заблагодарувам на се шо ме научивте во периодот додека работевме заедно.

Сите менаџери и лидови со кои сум работел на почетокот имаа една заедничка особина, никогаш не уживаа во комфорната зона секогаш бараа нешто плус. Па така некако и јас се научив да бидам во “жешкото” покрај нив, имаше периоди кога работевме и по 12 часа на ден, 7 дена во неделата  и не ми е криво шо заглавуваме, научивме многу.

 

Накратко, во три години сум работел на вкупно 5 продукти, од кои 3 се појавија на пазар, а 2 останаа како прототипи и концепти (за жал).

Хронолошки, во 2010 како гуштер работев на Unibox:

Една година подоцна во 2011, работев на технички најсложениот проект досега во кариерата Soc.io ROM (Custom Android ROM):

Кон крајот на 2011 иако кратко сепак доволно слатко бев дел од тимот на Soc.io Mall:

За некаде на почетокот на 2012 да работам на Soc.io eReader:

Во пролетта 2012 добив уште една шанса од моите тогашни менаџери, да работам како предавач во SEDC, не бев баш сигурен дали сакам да го работам тоа, тоа беше излез од комфорт зона ама сепак прифатив и воопшто не се каам заради тоа. 8 месеци паралелно работев и како програмер и како предавач и бев среќен и задоволен затоа што работев со одлични студенти и научив како тоа што го знам да го пренесам на другите. Во тие 8 месеци имав околу 40 студенти, голем дел од нив се сега вработени што ме прави посебно горд. Се надевам дека тоа што го споделив со вас веќе го применувате и дека ја прочитавте Clean Code 🙂

Во април 2013 решив дека е време за промена во кариерата, време е за излез од комфорната зона и барање на нов предизвик. Се запознав со @sokarovski  и станав дел од тимот на Tag N Go. Тука запознав нови колеги од кои секојден учам нешто ново и корисно.

http://www.youtube.com/watch?v=ZvwK14RdPIM

Ги запознав: Mартин, @sokarovski , @macuki_, @ljuba_truba@MajaVojnoska@AILegion, @white_mf_jones, @RoryBuck

Ви благодарам и Вас за цело знаење што го споделувате со мене.

За крај сакам да споделам неколку работи со тазе вработените или со оние шо барат работа како програмери:

  • Не трчајте по пари во првата година, трчајте по знаење.
  • Единствен начин да научите нешто ново е да излезете од комфорт зоната.