Архива за месец: ноември 2013

Во Македонија Samsung и Android го пердашат Apple и iOS

(Globalstats) Производители во Македонија за периодот ноември 2012 – ноември 2013

globalstats-vendors

(Globalstats) Мобилни оперативни системи во Македонија за периодот ноември 2012- ноември 2013

globalstats-mobileos

За да добиеме многу појасна слика за пазарот ги замолив пријателите од time.mk да ја извадат истата статистика од посети на нивниот сајт (благодарност до @martinprvi), еве ги статистиките од нивна страна:

Погледни ја целата статистика

За Nexus телефоните

Често го добивам прашањето “Кажи ми кој телефон да го купам ама да е убав и да не е многу скап?“. Јас секогаш одговарам со Nexus и моделот кој е моментално актуелен.

Сега да ме прашате ќе ви одговорам “Во јануари 2014 да си купиш LG Nexus 5

lg-google-nexus-5-1

Кој ме прашал запознаен е со приказната зошто мислам така, ете ја целата приказна:

Прочитај зошто секогаш одбирам Nexus

[Tест] – Android SmartTV Box MK809 Quad Core

Оваа недела имав одличен уред за тестирање од KupiOdDoma.com се работи за Android Smart TV Box, кога го добив уредот знаев точно во кои делови треба да го тестирам бидејќи два месеци го користам послабиот брат MK808. Пред да скокнам да деталите околу уредот, да ги видиме техничките спецификации на хартија:

MK809

 

Прочитај ја целата рецензија за уредот

Genymotion 2.0 и Google Apps

Genymotion, одличниот емулатор за Android доби нова надградба на верзија 2.0.0 (2.0.1) меѓутоа додека не се договорат со Google околу Google Apps виртуелките доаѓаат без инсталиран Google Play и други благодети од gapps.

https://plus.google.com/+GenymotionEmulator/posts/jNF8Kwu5p1c

За мене Genymotion има вистинска вредност само доколку ги имам инсталирано gapps, она што е интересно во постот погоре е дека сега има опција “drag & drop” која може да прима и .zip датотека. Епа ако е така тогаш за да инсталирате gapps доволно е да одите на http://wiki.cyanogenmod.org/w/Gapps да си го симнете пакетот и со drag & drop и еден рестарт да добиете gapps на Genymotion 2.0.

geny2-001

Читај повеќе

3 години кариера

Пред 3 години почна мојата професионална Андроид кариера, како денес се сеќавам на првото интервју со @smarkovik  седевме во “Мечос” пиевме кафе и праевме муабет скоро саат и пол. Толку позитивна личност немав сретнато до тогаш, заедно со регрутерот @biljanash  ми оставија неверојатен прв впечаток и знаев дека сакам да работам со нив.

Како денес се сеќавам на прашањето од Танчо:

Танчо: Според тебе колку добро го познаваш Андроид од 1 до 10?

Јас (силен): Осум

Танчо: Се насмеа.

После вториот ден на работа сватив дека тоа што го знам е далеку од 8, море далеку и од 6. Ама најважно ми беше дека добив шанса да работам со одлични инженери, мајстори на занаетот и да учам од нив.

Ги запознав: @smarkovik@Marincek,  @goran_spin@trumpets,  @nikolazivkov@zajkovski

Скоро две и пол години работев во тим со нив (more or less) и она што го научив од нив не го пишува во ниедна книгa, на ниеден блог ниту пак stackoverflow.

Јавно Ви се заблагодарувам на се шо ме научивте во периодот додека работевме заедно.

Сите менаџери и лидови со кои сум работел на почетокот имаа една заедничка особина, никогаш не уживаа во комфорната зона секогаш бараа нешто плус. Па така некако и јас се научив да бидам во “жешкото” покрај нив, имаше периоди кога работевме и по 12 часа на ден, 7 дена во неделата  и не ми е криво шо заглавуваме, научивме многу.

 

Читај повеќе