[Рецензија] Студени Бранови

Здраво програмери, дизајнери и Андроид ентузијасти.

Јас сум Медо, имам блог и веќе неколку години изработувам Андроид апликации.
Со колегите ја отворивме Андроид Македонија заедницата на G+ (продолжение на @AndroidMK) каде што ќе можеме да ги споделуваме нашите искуства и идеи. Чекираут!

Периодично ќе пишувам на блогов рецензии за македонски апликации, бидејќи сакам да се издигне квалитетот, да се зголеми видливоста и употребливоста на оние кои има локална димензија.

Почнуваме со првенчето на @AjTiMikson наречено Студени Бранови.

Прво да ти честитам што си направил бесплатна андроид апликација со содржина релевантна за нашите простори. На прв поглед иконата изгледа одлично иако не се чита целиот текст на насловот на повеќето уреди. Стартот е солиден со интересна анимација додека се вчитуваат ресурсите. Остатокот од коментарите преку екраните од апликацијата:

1

2 3

Од технички гледан аспект апликацијата е стабилна и релативно брзо комуницира со серверите. Сепак премногу се користат Activities (пр. вчитувањето), истото може да се постигне со фрагменти или пак empty list view без да се наруши хиерархијата на апликацијата.

Покрај стандардните дозволи за поврзување со интернет и гео-локација, апликацијата ги вклучува и следните кои сметам дека се непотребни:

System tools
access extra location provider commands
mock location sources for testing
test access to protected storage
Your accounts
read Google service configuration

Сума сумарум одличен прв обид. Техничките работи ги имаш совладано, сега останува да следиш трендови, препораки и успешни примери за добар дизајн и добро корисничко искуство.

Чекаме апдејт!