Андроид алатки за програмери

Создавањето на добра одлична Андроид апликација е процес кој што вклучува секојдневно користење на различни алатки, читање блогови, следење Твитер и верувале или не следење на Google+. Она што сакам да го споделам денес со вас е една голема листа на алатки, блогови, Твитер и Гугл+ сметки кои што ги читам секој ден, ги имам на Google Reader, ги имам во букмарк, ги имам инсталирани во Eclipse и ги користам за да си го олеснам процесот на работа.

За графичкиот интерфејс и компонентите што се користат:

Замислете дека треба да направите презентација за вашата апликација или да напишите блог пост во кој ќе има слики од апликацијата, еден начин е да ги залепите сликите во презентацијата или постот, а другиот начин е малку да ги средите пред да ги објавите. Во продолжение имате две алатки со кои ќе го постигните ефектот на сериозно претставување на она што сте го сработиле.

  • Device Frame Generator – неофицијални рамки од најпознатите Андроид уреди во моментов.
  • Device Art Generator – официјални рамки за сите Nexus уреди од Гугл.

Како да тестирате like a boss (не, нема да зборам за Unit тестови)

  • Monkey test – за да ги победите сите null pointer исклучоци.
  • UI Testing – нова алатка од Гугл.

Кога сме кај тестирањето, најчесто тестирањето се прави надвор од програмерски кругови (дури и кај корисници постечки), кога ќе настане грешка не е секогаш згодно да побарате од некој да инсталира SDK па да го повтори сценариото за да ви извади log од она што се случило за да се скрши апликацијата. За вакви случаи (се додека апликацијата не е на Google Play) јас сакам да користам Bug Sense.

Модерните апликации најчесто комуницираат со некаков сервер за да соберат или испратат информации, ако имате потреба од REST клиенти имам да ви предложам два, еден е од мој колега.
Кога се кај сервисите, еве неколку сервиси кои ќе ви помогнат брзо да направите мини инфраструктура за едноставни апликации.
  • Lean Engine – хостирате на свој Google App Engine акаунт.
  • Parse – хостирате на нивна инфраструктура и добивате библиотеки за сервисите.
Што да читате?
Она што ме воодушеви последно од заедницата е AndroidKickstartR

Твитер акаунти што ги следам:

HC:

Имате слобода да интервенирате со проширување на листата, само оставете коментар или пишете ми мејл за вашите омилени алатки.

Се надевам дека нешто од ова ќе ви биде од корист, Ви ветувам дека навремено ќе ја надополнувам листата со нови алатки, блогови, акаунти од Твитер (следно ќе ви ја спремам листата од Google+).