Архива за месец: мај 2012

Зошто го сакам Dell

На 28.07.2008 во Макпетрол ми стигна Dell Inspiron 1525, си го зедов в куќи 4-5 дена после то. Тогаш чинеше 40 800 ден. (без оперативен систем заради то шо носеше ознака N). За то време беше best buy понуда, дополнително ми одговараше муабетот наместо оперативен систем да добијам продолжена гаранција од 3 години и заради “грешна” пратка наместо матиран капак добив Streed Design (кадро 1)

Конфигурацијата е непроменета од денот кога е купен лаптопот, единствено е додаден уште еден мемориски модул од 1GB, сервисиран е 0 (нула) пати и 2 (два) пати се чистени кулерите и заменета термална паста. Конфигурацијата.

Денес, после 3 години, 9 месеци и 4 дена ова е статистиката:

  • во просек лаптопот е користен активно не помалку од 12 (дванаесет) часа дневно (пресметано според smartmoontools)
  • месечна кирија ~900 ден
  • Ubuntu 12.04 работи како муња, Windows 7 стандардно
  • никогаш не откажал, никогаш не ме изнервирал дека е тромав
  • не го продавам, само се фалам

Работи кои ги научив од приказната и ги земам како параметри кога гледам нов лаптоп:

  • Гаранција: минимум 3 години
  • Горна граница во цена: 40 000 ден. (долна најчесто е 30 000)
  • Не фрлај пари на оперативен систем, освен ако немаш потреба или не е гратис
  • Производител: Dell (Inspiron, Latitude) или Lenovo (IdeaPad, ThinkPad)
  • Apple – MAC е скоро 2 пати поскап, а нема 2 пати побрзо да ја завршиш работата – совет од Капетано 🙂
  • Лаптопот треба да те служи во наредните 3 години (минимум)

Ова го најдов како најинтересно кај нас и според муабетот горе би се квалификувало во категоријата најдобар однос “цена-перформанси”

Ме интересира вашето искуство/мислење на темата. Бујрум во коментари.