Сосема солидна замена за Garmin, на моменти дури и попрецизни мапи. Иако интерфејсот е ужасно лош и грд iGO за Android си ја брка работата, нема да ви троши многу батерија и што е најважно мапите лесно се инсталираат и богами ги има скоро за секаде. На торент можат да се најдат неколку верзии за Android (сите пиратски), скоро сите освен оваа што ќе ја споделам денес со вас се за екрани со мала резолуција. Оваа верзија работи одлично на Desire HD, Galaxy S, Desire или било кој друг телефон со слична резолуција. Не сум ја пробал на таблет, ако некој ја проба нека сподели искуства.

Најпрвен симнете го APK-то и инсталирајте го и не ја стартувајте апликацијата сѐ додека не ги ископирате датотеките од архивата на вашата SD картица или внатрешна меморија.
Патеката на датотеките треба да биде:
/SDCARD/iGO внатре треба да имате две папки едната “contents” и “license”
Откако ќе ги симнете мапите, само ископирајте ги во “map” и “poi” соодветните датотеки од торентот. Во архивата се наоѓаат maps&pois за Македонија.
Капацитетот на батеријата од лаптопот значително ми опаднал со текот на времето, што е и до некаде нормална појава. Сепак фрустрирачки е кога лаптопот може да го користите само саат и пол, а претходно сте го користеле и до три часа без во близина да има <bajtolski> двесте и двајсе </bajtolski>.
Jupiter е првенствено направен за EeePC меѓутоа од пред некое време е достапен за сите нетбук и лаптоп компјутери. Искуствата од Jupiter се позитивни, успеав да добијам и до 40+ минути во батерија што сепак не е малку со оглед на тоа што вкупниот капацитет на батеријата е 62%. Режимите на работа на Jupiter се автоматски во зависност од тоа дали сте приклучени на електричната мрежа или не, има малку простор на конфигурација и скоро сѐ е автоматски подесено. Сепак си ја брка работата.
За да го инсталирате Jupiter на Ubuntu 9.10, 10.04 или 10.10 отворете терминал и:
sudo add-apt-repository ppa:webupd8team/jupiter
sudo apt-get update
sudo apt-get install jupiter
Миграцијата започна, татко ми никогаш не користел телефон различен од Nokia, до сношти
. Со годините тоа значи и многу контакти во именикот. Nokia не нуди сервис за синхронизација на контактите со некој надворешен сервис, како што е случај кај Android.
Процедурата е следна:
1. префрли ги сите контакти на мемориската картичка во Nokia телефонот
- Отворете Contacts во Nokia
- Од Options изберете Mark/Unmark -> Mark All
- Од Options изберете Copy -> To Memory Card
2. спои ги сите .vcf датототеки во единствена kontakti.vcf
- сега сите контакти се наоѓаат во MemoryCard/Others/Contacts
- ископирајте ги сите .vcf датотеки
- отворете Terminal (GNU/Linux) и извршете ја командата
- cat *.vcf >> kontakti.vcf
вметни ја kontakti.vcf датотеката во твојата Google сметка

синхронизирај го Android телефонот со Google сметката
Само внесете корисничко име и лозинка, останатото ќе се направи автоматски.
Да претпоставиме сценарио во кое што вашата Facebook лозинка е злоупотребена односно некој успеал на некој начин да стигне до неа, често сценарио во денешно време на слаба информираност за тоа како да не бидете актери во едно вакво сценарио. Во ред, лозинката освен вие ја знае и некој друг засега непознат, ајде да пробаме да се запознаеме со непознатиот. Тоа што денес ќе Ви го покажам, од непознатиот ќе побара освен корисничкото име и лозинка да внесе и име на компјутерот од кој што пробува да се најави и да го злоупотреби вашиот Facebook профил.
За да ја овозможите оваа опција од менито Account во вашиот Facebook профил изберете Account Settings и потоа изберете Account Security, тука сѐ што треба да направите е да ја овозможите опцијата Login Notifications и информациите за непознатиот корисник ќе ви бидат испратени на e-mail или SMS во зависност од тоа како Ви е конфигуриран системот за известувања. Толку, веќе сте на чекор пред натрапникот и ќе бидете известени за секое ново најавување на вашиот Facebook профил.
Да видиме како оди тоа на дело, кога корисникот ќе проба да се најави со вашето корисничко име и лозинка ќе треба да внеси и име на компјутерот од кое што се најавува.

Веднаш по ова на вашата e-mail адреса ќе пристигне мејл со информации за тоа кој се најавил на вашиот Facebook профил, треба да реагирате веднаш пред натрапникот да ја промени лозинката. Најавете се на вашиот профил, променета ја лозинката и повторно одете во делот за Account Security, сега тука ќе ги добиете сите компјутери кои пристапиле до вашиот Facebook профил. Информациите се доста корисни и многу лесно може непознатиот да стане познат.
